На 01.10.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион оствари работна средба со градоначалникот на општина Виница г. Миле Петков, потпретседателот на Епархискиот управен одбор г. Горан Ангелов, секретарот на општина Виница г. Гоце Алексов и парохиските свештеници во просториите при храмот “Св. Ап. и Ев. Лука” во Виница. На средбата беа рагледани понудите за изградба на Камбанарија при храмот “Св. Ап. и Ев. Лука” и беше одбрана понудата од фирмата Гранд Уни-инвест Дооел од Виница, во сопственост на г. Горан Митев од Виница. Средства за да отпочне градењето на Камбанаријата обезбеди Советот на општина Виница, заедно со градоначалникот на општината г. Миле Петков, кои одобрија буџет од 10 илјади евра. Во оваа прилика ги повикуваме фирмите од општина Виница и сите Виничани кои живеат во општина Виница и насекаде по светот, да се приклучат кон изградбата на Камбанаријата и секој според своите можности да ја помогне истата. Благодарност до сите!
Работна средба за изградба на Камбанарија при храмот “Св. Ап. и Ев. Лука” во Виница

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Владимирци (беровско) физички се пресметувале, едниот користел стаклен предмет
Коцкарски маки во Пробиштип: Приведен 36 годишник за обид за напад со остар предмет врз полицаец
Истокот не се дава: Приведени три лица на подрачје на СВР Штип поради управување возило под дејство на алкохол