Во рамки на денешните активности остварив две работни средби со странски дипломатски претставници, односно амбасадорот на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер и амбасадорката на Република Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ.
На средбите разговаравме за функционирањето на техничката Влада и нашата улога како Министерство за внатрешни работи во поглед на спроведување фер и демократски изборен процес.
Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, доколку истите имаат валиден рок, за што од моја страна беше изразена голема благодарност.
Извор: Фејсбук
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дали управител на ЕСМ Туризам истовремено извршува функција на синдикален лидер?
Клопчето почна да се размотува: Над 60 фирми испумпале 3,2 милиони евра од ФИТР со проблематични проекти. Следуваат кривични!
Собранието носи Национална развојна стратегија која ќе биде патоказ за сите наредни влади