Изминатите неколку часови Израел е под напад од над 3000 балистички ракети, дронови и блискодострелни ракети од повеќе исламски земји на Блискиот Исток. Вкупно 110 балистички ракети биле истрелани од различни локации од Сирија, Јемен, Ирак, Иран од кои што според Израелските одбрамбени сили (IDF) 103 балистички проектили биле елиминирани од системите за противоздушна одбрана а само 7 балистички проектили го пробиле воздушниот штит на Израел и погодиле цели на воен аеродром при што предизвикале незначителна материјална штета.
Според западни воени експерти овој мал процент на ефикасност на балистичките проектили на територијата на Израел сепак не е занемарлив затоа што ваквите балистички проектили можат да бидат опремени со боеви глави за масовно уништување при што би можеле во некој претпоставен иден напад да предизвикаат катастрофални штети.
Воените аналитичари велат дека ваквото масовно испалување на огромен број проектили и дронови од различни локации околу Израел е своевиден тест на ефикасност и и здржливост за противоздушната одбрана на Израел за тоа колку истата може да издржи масивен синхронизиран напад од различни локации.
За воздушните напади биле одговорни повеќе милитаристички групи како што се Хезболах, паравојската на Хутите, Хамас и други паравоени формации во исламскиот свет.
Во зоната на конфликтот Британската Кралска морнарица упати свои бродови, носачи на авиони а повеќе воздухоплови кои биле ставени на приправност за делување без официјални претставници на Министерството за одбрана на Велика Британија да споделат конкретни информации за фактичко делување на борбените сили на Кралството.
Британскиот Премиер Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден ја изразија својата загриженост и најсилна осуда за ваквата ескалација на тензиите во регионот од страна на исламистичките паравоени групи.
о Бајден остварил телефонски разговор со Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху при што го уверил израелскиот премиер дека САД стојат цврсто со своојот сојузник Израел.
Од Египед која што важи за умерена регионална воена сила упатија пораки за воздржаност од понатамошна ескалација на состојбата.
Ваквиот развој на настаните во изминатите повеќе часови ја зголемува тензијата во регионот на Блискиот Исток што се заканува да прерасне во поширок регионален воен конфликт со несогледливи последици.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Оваа наставничка е расадник на Македонизмот во Хрватска: Води настава со десетици дечиња од Хрватска и Македонија каде се изучува Македонскиот јазик
Обединетите Арабски Емирати со драстични контра мерки против Франција за апсењето на Павел Дуров
Лавина за Камала Харис: Се повеќе членови на Демократската Партија во САД застануваат зад кандидатурата на Доналд Трамп