Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска оствари работен состанок со претставници на УНИЦЕФ во Република Македонија, при што била афирмирана досегашната соработка на Министерството за труд и социјална политика со оваа значајна меѓународна организација.
Во продолжение го пренесуваме краткото соопштение упатено од Министерката Мизрахи до јавноста по повод оваа средба:
“Денес остварив средба со претставничката на УНИЦЕФ во државава Патриција Ди Џовани.
На средбата изразив голема благодарност за започнатите процеси на соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.
Имено, помеѓу двете институции постои долгогодишна успешна соработка при што се реализирани многу проекти кои биле во интерес на децата. “

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“