Тивката вода брег рони, а тивок е македонскиот народ што веројатно значи дека мудро ќе казни тогаш кога е најпогодно.
И поучени од “извинувањето до небо” на Тамара Тодевска, однапред се извинуваме што многу брзо оваа влада ќе стане минато.
Ќе стане минато на начинот на кој домородците во тропските предели ловат мајмуни.
Тие го отстрануваат врвот на кокосов орев и прават отвор голем колку да ја зароби раката на мајмунот. Оревот го прицврстуваат на гранка на некое дрво и внатре ставаат кикиритка. Кога мајмунот ја зема кикиритката, ја заглавува раката и ако се обиде да ја извади не му успева. Мајмунот може да ја пушти кикиритката и да ја извади раката но не сака и така останува заглавен додека да дојдат доморотците да го убијат…
И оваа влада можеше да се откаже од агендата поради која ја донесоа на власт, но тие слепо ги исполнуваат наредбите и се заглавуваат уште повеќе. Можеа да ја фрлат” кикиритката “, но и тие како мајмунот не сакаат да се откажат од својот мал плен затоа што веруваат дека постои можност да се спасат.
Но, како што кажал Шекспир,
Верата во погрешни работи е одење по жив песок.
И ненародната власт ќе пропадне во тој жив песок и ќе стане пример за судбината на тие што си поиграле со
националните чувства на мојот народ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Сите на купче”
Прашуваат “Кој е следен”? -Па, Франкенштајн!
Како да зачуваме еден Македонец повеќе во државата?