Активот на Здружението на новинарите од источниот регион ги додели наградите во рамките на традиционалната манифестација „Најдоброто од Истокот“. Свеченоста се одржа во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, а наградени беа 16 личности, фирми и невладини организации, кои во изминатата 2018 година оставија белег во развојот и го промовираа источниот регион.
Регионалниот центар за застапување ја доби наградата за најдоборото од невладиниот сектор за 2018 година како одлично признание за сите досегашни реализирани проекти вклучувајќи ги и неколкуте од минатата година.

Во изминатата деценија РЦЗ има работено на повеќе проекти во областа на рурален развој, животна средина, енергетска ефикасност, млади, безбедност и здравје при работа, зајакнување на капацитетите и слично. Меѓунив има повеќегодишни и повеќемесечни проекти во кои организацијата е носител или партнер во имплеметнацијата.
- Енергетско ефикасно јавно осветлување во Делчево
- 10 годишна општинска стратегија за климатски промени
- Стратегија за комуникација
- Стратегија за соработка на општината со граѓанскиот сектор
- Атмосферска канализација на улица
- Пешачка патека на реката Брегалница
- Информативни табли за биодиверзитет
- Колекторски системи за топла вода во основно училиште
- Прирачник за безбедност и здравје при работа за работодавачите
- Организирањсе обукиРаботилници за млади
- Инфо денови
- Кампањи
- Документ „ Зелена агенда за Делчево“
- ЛЕАП за Делчево
- Стратегија за ЛЕР и ЛЕАП за Македонска Каменица
- Стратегија за туризам и студија за туризам за Пехчево
Успешно реализираните проекти, ефектите кои ги имаат активностите во регионот и постојаните залагања за подобар живот во овие неколку општини се причина зошто Регионалниот центар за застапување од Делчево беше една од номинираните невладини организации за манифестацијата „Најдоброто од Истокот“.
Извор: РЦЗ Делчево
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање
Двајца вработени во Центар за јавно здравје- Виница добија кривична пријава
Жител на Пробиштип доби кривична за насилство и напад на службено лице