Со комедијата “Црвениот пес”, филм кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на AACTA вечерва во 19:30ч. во Мала сала на НУ Центар за култура Битола ќе стартува “Неделата на австралиски филм” .
“Неделата на австралиски филм” за прв пат се одржува во Битола каде ќе бидат прикажани пет филмови во периодот од 08 до 12 април, а влезот е слободен.
Во рамките н Неделата на австалискиот филм ќе бидат прикажани филмовите “Џиндабајн” (09.04.), “Црниот балон” (10.04.), “Чинијата” (11.04.) и “Ромул, мојот татко” (12.04.).