БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наспроти изјавите на Зоран Заев од нови странски инвестиции во Штип на актуелната влада нема ништо, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип Иван Јорданов ја обвини актуелната влада и Зоран Заев како најповикан во неа за немање ниту една нова странска инвестиција која е реализирана од владата во последните две години.

Оваа изјава следува по изјавите на Зоран Заев дека во државата имало нови странски инвестиции неправејќи разлика меѓу нова инвестиција и реинвестиција на постојните странски инвестиции кои што изградија свои фабрики во времето на претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Иван Јорданов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип:

“Застој и несериозен пристап кон инвеститорите се одлика на локалната и државната власт. И после три години, не се способни да донесат ниту една странска инвестиција во Општина Штип. Фабриките кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги изгради во ТИР зоната во Штип, се најсветлата точка во економскиот развој на нашиот град.

ТИР зоната во Штип, направена од претходната влада, располага со целокупна инфраструктура, па затоа интересот на Џонсон Контролс, Техникал Текстајлс, Ван Хол и Кондево беше токму кај нас да ги отвори своите погони. Се вработија голем број лица, не само од Штип, но и од регионот, при што Штип стана центар на мапата на Источна Македонија.

Со огромна скептичност, СДСМ сметаа дека тоа ќе биде обична ораница, која нема да бележи развој, но не само што се уверија во спротивното, туку Штип стана најразвиен град во Источна Македонија. Невработеноста се намали, а како резултат на недостаток на работна сила, се доселуваа луѓе од соседните градови.

И наместо да се зголемуваше бројот на странски инвестиции, а со тоа ќе растеше и платата на вработените, економскиот раст не само што не стагнира, туку има сериозен пад после долги години.

bregalnickimarketing

Премиерот се расфрла со паушални изјави дека во Македонија има огромен број странски инвестиции, меѓутоа, во Штип не сме виделе ниту една! Лошата економска политика допринесува бизнисот во нашиот град да не бележи развој веќе подолг период, а странските инвестиции кои во минатото беа секојдневна вест, сега се фикција.

Затоа, во интерес на граѓаните, го повикувам Градоначалникот јасно и недвосмислено да соопшти, која странска инвестиција, која фабрика или производствен капацитет во текот на неговиот мандат е донесен во Општина Штип?”

Креирано од:


Пренеси го гласот