БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Референдумското прашање е збунувачко. Дали сте за ЕУ е едно прашање, дали сте за НАТО е сосема друго прашање”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонскиот експерт по уставно право , и Унивезиртетскиот професор Гордана Силјановска во „Отворено студио“ на Алфа , јасно и реално упати: “Не треба да не се посегне по промени во изборната регулатива непосредно пред одржување на референдумот. Венецијанската комисија вели дека однапред треба да се овозможат механизми да се избегнат блокади, но никогаш не рекла дека треба да се намали мнозинството за избор на ДИК. Венецијанската комисија секогаш се држи за владеењето на правото и мислењето се однесуваше за ДИК на Црна Гора дека може да дојде до блокада и дека треба да има механизми за да се избегне таа блокада. Венецијанската комисја во воведните одреби потенцира дека е потребно да се избере широк консензус.

Ова прашање е непрецизно, конфузно, сугестибилно. На рефрендумот има можност да се постават повеќе прашања одвоени. Комбинациите доволно говорат дека не е така. Дали сте за членство во ЕУ е едно прашање. Дали сте за членство во НАТО е друго прашање. Објаснете ми сега, што е предмет на консултација со името? Објект на референдумското прашање треба да биде името.

Референдумстото прашање треба да ја таргетира суштината. Реферeндумското прашање треба да биде: „Дали сте за промена на името?“ објаснува Силјановска. “ По трет пат е злоупотребено европското знаме, да не кажам искинато. Тоа е принцип односно владеење на правото. Кај нас се во Парламентот се одбива во комисјата за европски прашања. Матична комисија за овој закон не е таа, не вршиме услогласување, нема директива и стандарди,” додаде Професорката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace