БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рекордна инвестиција од над 205 милиони евра за модернизација на здравството – реконструкција, доградба и изградба на болници во Штип, Тетово и Кичево!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерството за здравство интензивно работи на значително зајакнување на јавното здравство преку системска реконструкција, доградба и изградба на здравствени објекти, со цел обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и унапредување на квалитетот на здравствените услуги низ целата држава.

1.Во Штип, се планира целосно продолжување на изградбата на Клиничката болница, откако Министерството го раскина претходниот договор поради неисполнување на обврските од изведувачот. Новиот проект ќе ја опфати изградбата и опремувањето на болничкиот објект, Медицински факултет, студентски дом, комплетна инфраструктура и паркинг, со вкупна инвестиција од 147,65 милиони евра.

2.Во Тетово е предвидена доградба на два нови павилјона за специјализирани услуги како онкологија, инфектологија, дерматологија, психијатрија и гинекологија, како и реконструкција на постојните хируршки и интернистички блокови и целосно инфраструктурно и партерно уредување, со вкупна вредност од 40 милиони евра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

3.Во Кичево, по детална техничка и функционална проценка, ќе се пристапи кон целосна изградба на нова општа болница на нова локација, која ќе служи како регионален здравствен центар за поширокиот регион. Новиот објект ќе биде современ, енергетски ефикасен и целосно опремен, во вредност од 18 милиони евра.

Покрај градежните интервенции, проектите вклучуваат и набавка на најсовремена медицинска и немедицинска опрема.

Вкупната вредност на целокупната инвестиција изнесува над 205 милиони евра.

Овие проекти се дел од визијата за модерно, достапно и функционално здравство, каде што секој пациент ќе добие навремена и квалитетна здравствена услуга, а медицинскиот персонал ќе работи во безбедна и современа средина.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace