Регулаторната комисија за енергетика е основана летото 2003 година а со својата работа започнала од 1 јануари 2004 година. Актуелниот претседател на РКЕ Марко Билсимоски е еден од првите вработени во ова регулаторно тело кое што ги регулира цените на пазарот за енергетика во Република Македонија. Главната цел на РКЕ за која и што била формирана е да ги заштити интересите на граѓаните на државата да добиваат најниски цени на енергетски производи врз основа на независна и стручна техничко-економска анализа на пазарот.
Денес со оглед на постојаниот раст на цената на електричната енергија, горивата како и топлинската енергија, граѓаните во оваа комисија гледаат најголем непријател на домашниот буџет.
Колку денес е независна и професионална оваа комисија во нејзиното работење и колку се задоволни граѓаните од работата на оваа комисија но и колку таа ги оправдува очекувањата на граѓаните е предмет на дебата на надлежните органи за нејзино работење.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“