БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ролат со јагоди и крем од ванила

Пренеси го гласот

Потребни состојки:

За тесто:

– 4 јајца

– 1 лажица какао

– Малку екстракт од ванила

– 90 грама шеќер

– 85 грама безглутенско брашно

За фил:

– Две кесички пудинг од ванила

– 10 грама путер

– 850 милилитри млеко

– Ситно исечкани јагода

За подготовка на филот, се вари пудингот според упатството на кесичката, а потоа во него се става и путерот и се додаваат исечканите јагоди.

За тестото, изматете ги белките од јајцата и направете шлаг. Изматете ги жолчките со шеќер и направете пенеста смеса. Додајте ги брашното, екстрактот од ванила и какаото. Во жолчките додајте неколку лажици од шлагот за да ја разредите смесата, па потоа додајте ја целата смеса во шлагот.

Смесата за тесто ставете ја во плитка тава обложена со хартија за печење. Ставете ја во рерна и печете 10 до 15 минути, на температура од 180 степени. Извадете го тестото и направете го во ролат, заедно со хартијата за печење и влажна крпа, и така оставете го да се излади. Откако ќе се излади, тргнете ги крпата и хартијата, нанесете го филот и повторно направете ролат.

Оставете го да се излади, а потоа декорирајте по желба.

Креирано од:


Пренеси го гласот