БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Русјаков: НЕДОСТИЖНА ВСЕЛЕНА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Сакам да го насликам мирисот на липа во твојата коса
Сакам песната на славеите
Што те допира кога ветерот те гали дури спиеш
Да го втиснам како бакнеж 
Врз првата страница на летото роман

Го сакам невозможното, знаеш?

Ти си миг, вечност со почеток и крај
Незаборавна приказна помеѓу две средби разговор
Ти си откината од времето и просторот
Замрзната фотографија полна живот
Што секогаш, одново и одново ја наоѓам
Во прашливите ходници на мојата душа

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Се чувствувам како плашило разнишано од бура
Среде совршената стабилност на твојата насмевка
И убаво ми е така 
Под вангоговски жолтата прашина на секојдневието
Распната парталава кукла што растерува гаврани
Од полето на твојата страст

Сакам да уживам во мечтата за тебе
Едноставноста на недостижноста
Како преживеана авантура од соништата
Дури ги собирам твоите допири
Од прегратката на разделбата
Во дланките на ноќта која легнува крај мене

Знаеш, лесно ми е да те затворам во вечноста на стихот
Да те испратам во утрешнината на непознатите читатели
Како мирис на липа што одекнува 
Во недостижната вселена.

Пишува: Александар Русјаков

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace