Носителката на кандидатската листа на советници за советот на општина Делчево Сања Николовска од Левица на вечерашната координативна средба пред членовите на оваа политичка партија во Делчево зборуваше за програмските определби со кои што како советничка листа на Левица ја бараат довербата на жителите на Делчево на претстојните парламентарни избори.
Сања Николовска ја изрази својата убеденост за влез на Левица во делчевскиот Совет, при што истакна дека како советничка група ќе се залагаат за реализација на повеќе важни приоритетни проекти за кои што сметаат дека делчевчани ќе им ја дадат довербата.
Како прв најважен проект Николовска го истакна проектот за воведување на општински јавен превоз кој што е потреба за граѓаните на Делчево. Понатаму приоритет за Левица во наредниот 4 годишен мандат во Делчево ќе биде изградбата на нови паркинг места во Делчево особено во централното градско подрачје. Уредувањето на целиот кеј на реката Брегалница е исто така еден од најважните проекти со кои Левица ја бара довербата на жителите на Делчево на овие избори.
Сања Николовска во својот говор пред присутните пред локалната канцеларија на Левица на вечерашниот координативен настан ја истакба потребата за подобрување на промоцијата и развој на туристичките можности во општината Делчево.
Таа исто така зборуваше и за социјалната заштита која што според нејзе не се развива доволно добро. Таа го спомна фактот на големиот диспаритет на малиот износ на доделени сретства на сиромашни граѓани наспроти големиот износ на доделени финансии на здруженија на граѓани во Делчево.
Целото обраќање на носителката на кандидатската листа на советници за советот на општина Делчево од Левица Сања Николовска може да го проследите во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ