БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Садници во разделната лента на Бул. Македонија во Делчево рано утринава биле знамиња за слалом на некој “шофер”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигнаа информации со фотографии во прилог за уништување на дел од хортикултурното уредување и засадените украсни дрвца на зеленилото во разделната лента на Булевар Македонија во Делчево.

Станува збор за една од најфрекфентните сообраќајници во Делчево што е дел и од регионалниот и меѓународен пат А3 кој го поврзува Делчево и државата со Република Бугарија.

Според кажување на нашиот извор инцидентот се случил денеска во ситните утрински часови во кој било “задолжено” индивидуално патничко возило чиј “шофер” се брзал да сврти од едната булеварска лента во другата преминувајки преку разделната лента при тоа нарушувајки ги сите правила за безбедност во сообраќајот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа сообраќајница како и повеќе други во Делчево се цел на возачи кои возат со неприлагодена брзина и неприлагодени услови на патот особено за време на викенд кога има повеќе раздвиженост од млади луѓе, па оттука се наметнува потребата за соодветна реакција во рамки на законски дефинираните права и обврски на надлежните органи при МВР за превенирање на несакани последици по безбедноста во сообраќајот.

Креирано од:


Пренеси го гласот