Победата на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на локалните избори е особено значајна од повеќе аспекти.
Генералниот заклучок е дека поддршката на граѓаните за политиките на СДСМ е во слободен пад надолу, а Зоран Заев и СДСМ се уште не треснале на дното.
Во сите општини низ Македонија според изборните резултати од првиот круг на изборите одржани во недела поддршката за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ како за градоначалници така и за советници драстично е поголема од онаа на кандидатите на СДСМ.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ извојуваа изборна победа во прв круг во 22 општини меѓу кои значајни и бројни општини како што се Штип, Велес, Прилеп, Кавадарци, Свети Николе, Неготино како и скопските Гази Баба, Аеродром, Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Илионден, Петровец.
Од друга страна СДСМ со исклучок на Струмица освои победа на своите кандидати за градоначалник во уште 8 други доминантно рурални општини.
Вкупната разлика во гласови во 22 општини кај што победи ВМРО-ДПМНЕ е над 70 илјади гласови, додека девете општини во кои што победи СДСМ разликата е нешто повеќе од 10000 гласови, што е помалку од разликата со која што Тимчо Муцунски победи во општина Аеродром.
Бројот на регистрирани гласачи во општините каде што победи ВМРО-ДПМНЕ е 631860 гласачи со право на глас додека бројот на регистрирани гласачи во општините каде што победи СДСМ е 146799 регистрирани гласачи.
Со тоа ВМРО-ДПМНЕ извојува победа 4:1 наспроти СДСМ според бројот на гласачи во овие општини.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!