БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонска Каменица, 30.06.2022

– Почитувајќи ја напорната работа и посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, менаџерскиот тим на САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени.

Почнувајќи од утре, 1.јули 2022 година, сите вработени во Рудник САСА ќе добијат зголемување на вкупно исплатената плата од дополнителни најмалку 4.300 денари. Со тоа, просечната плата што ја обезбедува САСА ќе биде до 80% повисока од просечната плата во земјава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова зголемување на платите го надополнува зголемувањето на нето платата од 3% што Саса го исплатува од јануари годинава. Дополнително просечно зголемување од 3% добија работниците преку прилагодување на неделните часови во смени, што исто така беше спроведено оваа година. Така, со најновото покачување, платата на секој вработен во Рудник САСА само во текот на 2022 година е зголемена за најмалку 10%.

„Овие зголемувања на платите се дел од нашата трајна определба за обезбедување благосостојба и социјална сигурност на сите наши вработени, со тоа што тие ќе бидат соодветно наградени за нивните напори и постигнувања. Истовремено на овој начин сакаме дополнително да ги мотивираме нашите вработени со цел да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во работењето. Паралелно, продолжуваме да инвестираме и во модернизација на производството, во безбедноста, во заштитата на животната средина и во проекти што се значајни за локалната заедница, со што се трудиме да обезбедиме натамошен одржлив развој на САСА“,  изјави генералниот директор на САСА, Скот Јеланд.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace