БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сашо Тасевски: Стево (Ел команданте)-уште чекаме протестна нота, не биди кокиче

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на ставот на актерот Сашо Тасевски:

“Тоа што Стевчо Јакимовски го пишува за најголемиот пораз на бугарската фашистичка армија кај Чупино брдо, нанесен од Третата македонска ударна бригада е точно 100 проценти.

Дедо ми, Стојан Тасевски, подоцна мајор во Југословенската армија, како понизок команден кадар во таа бригада, во тоа време, е директен учесник во таа битка и беше многу горд на таа победа. Тогаш дедо ми имал само 20 години. Добро се познаваше со творецот на таа победа генерал Апостолски. Дури, некаде во 1980 сум седел со него и дедо ми, во Идадија. Дедо ми неколку пати ми кажувал како Бугарите биле барем дупло побројни во таа битка. До Софија ќе ги бркавме да не стигнеше наредба да ги пуштиме да избегаат кога ги разбивме во парампарче. А бегаа од нас како од мечки. Ова е цитат. Затоа не давам Заев или било кој друг да ја брише таа историја. Не давам. Со Бугарите можеме да бидеме пријатели, ако прво се извинат за злото што им го нанеле на Македонците во таа голема војна. И ако конечно сфатат дека не можат силеџиски да менуваат нечија туѓа национална свест. Особено не во 21 век. Со силеџиство само повеќе го бетонираат нашето чувство за посебност како народ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Стево Ел команданте, уште чекаме од тебе протестна нота или што да е поврзано со протест против повикот на Каракачанов за окупација на Твојата Земја.

Немој да се однесуваш ко кокиче.”

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10158718024277180

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace