БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гоце Делчев е веќе “продаден”. Измамниците глумат актери и купуваат време за што беа и донесени на власт на 15 јули

Пренеси го гласот

Само наивни Македонци можат да поверуваат дека Зоран Заев се бори за заштита на идентитетот на Гоце Делчев и плејадата други Македонски револуционери и дејци од илинденскиот период. Одолговлекувањето на финишот на оваа операција и тактизирањето од страна на т.н. комисија е условено од надворешни фактори а конечниот удар ќе биде зададен во хаосот кој го создава Филипче преку неговите бројки на заразани со Ковит-19. Веројатно во услови на карантин кој што ќе ги затвори во домовите сите оние Македонци кои што се спротивставуваат на оваа погубна политика, преку малите екрани ќе биде соопштена “радосната” вест за бугарштината на Гоце Делчев.

Дел од оваа траги-комедија на корисни идиоти е и пописот на населението зад кој се крие федарализација на државата, приватизацијата на поголем број на државни ресурси и деноминацијата на црквата т.е. отстранувањето на националното од верското во МПЦ.

Повеќе од јасна е природата на постоењето на Зоран Заев како клучна фигура на Македонската политичка сцена. Човекот тргна наспроти се што е македонско и се додека неговите странски наредбодавци не оценат дека е доста се дотаму тој ќе гази по македонската националност и самобитност. Индокаторите за бескурпулозноста на ова сценарио на штета на Македонските национални интереси се повеќе од видливи. Бруталното газење на волјата на Македонските граѓани искажана со бојкот на референдумот на 30-ти септември 2018 година е повеќе од јасен сигнал за балканските методи протежирани од највисоките политички и бирократски претставници на Европа. Премижувањето кое што судско-обвинителските органи го правеа/ат за сите злодејства на актуелната власт и пред се на кланот Заеви одат токму во таа насока.

Но, човекот знае дека после откажувањето “љубов” на неговите странски патрони ќе биде цел за прогон на наредната власт и оттука можеме да го видиме воспоставувањето на неговите бизнис релации во странски држави со што бизнис империјата на кланот Заеви ќе опстои и потоа. Повеќе од сигурно е неговото бегство од државата по падот од власт, во некоја странска држава (типувам на Грција или Бугарија) од каде ќе продолжи заедно со членови на неговото семејство во Македонија да ја управува сопствената бизнис империја која ја создаде/ва.

Оваа бизнис зделка за наводното европеизирање на Македонија под ќилим подразбира дополнителна приватизација на општествени агенции, фирми и дејности кои што на неговите бизнис патрони од целиот овој изминат период ќе си го наплатат профитот на долг рок на штета и осиромашување на Македонските граѓани.

Македонија понатаму ќе биде втурната во лавиринтите на преговарачкиот процес за членство во ЕУ кој што ќе биде долготраен и додека заврши од сегашнава Македонија сценаристите на овој филм очекуваат да не остане ни спомен.

Но Македонија е многу повеќе од политика, држава или интерес.

bregalnickimarketing

Македонија и Македонизмот се Божја промисла!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот