БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сцени од отровени риби во реката Брегалница остануваат честа појава во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако во текот на изминатото лето во неколку наврати беше покренат алармот до надлежните органи во општината за опасноста од еколошка катастрофа на река Брегалница и неколкуте масовни труења на риби во самата река за што известувавме тогаш, вчера на социјалните мрежи од страна на повеќе риболовци како и на фејсбук страната на Спортското риболовно друштво “Брегалница” Делчево, повторно беа објавени фотографии, видеа од угинати риби, како и осуда и револт од страна на самите вљубеници во рибарството. На фотографиите и видеата снимени во текот на вчерашниот ден (10.10.2018 год.) може да се забележат и невообичаени течни хемикалии во боја кои се наоѓаат во водите на реката.

Минатото лето дури и Градоначалникот на Општина Делчево во наменска изјава посветена на овој проблем ги осуди и се заложи дека овој проблем ќе биде решен, но сепак се чини дека проблемот е премногу комплексен за надминување од страна на најповиканите институции.

Според кажувања од самите риболовци кои се затекнале на лице место, станува збор за излевање на отровни бои во текот на река Брегалница од страна на правен субјект кој користи вакви бои во својот технолошки процес а кој не постапува соодветно за заштита на животната средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од страна на повеќе граѓани постојано се упатува апел ваквата катастрофална состојба да биде надмината, но според фрекфенцијата и интервалот на повторување на ваквите дејствија се чини дека институциите во огромна мера затајуваат во врска со решавањето на овој проблем.

Прашањето за игнорирање и нерешавање на овој проблем останува заглавено во лавиринтите на институциите но и свеста на причинителите на ваквите неповолни дејанија, на штета на чистата животна средина и здравјето на луѓето, животинскиот и растителниот свет во некогаш една од најубавите реки на Балканот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace