Во соопштение до јавноста СДСМ зборуваат за напредокот кој што како власт го постигнале во контекст на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на државата во процесот за пристапување кон ЕУ.
“Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје.
Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност.
Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување.
ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.
Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра.
Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.
Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.”
-стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријавa против поранешен градоначалник на Свети Николе за „злоупотреба на службената положба и овластување“
Најава за Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ – Беласица
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк