Во соопштение упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ се лоцира голем недостаток наведен во Извештајот на Европската Комисуја во врска со напредокот на Република МАкедонија во процесот за пристапување кон ЕУ. Станува збор за заобиколување на системот за Јавни Набавки од страна на власта што сериозно се одразува во пмногу сфери од функционирањето на државата и институциите.
“Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, договорите во 4 очи го јадат системот.
ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки.
Во Извештајот јасно е посочен договорот за автопатите како проблематичен. Јасно се вели: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки.
Заобиколувањето на Законот за јавни набавки, нереформираната администрација и корумпираното судство ја носат државата надолу.
Со СДС и ДУИ Македонија го доби најлошиот Извештај во нејзиното постоење.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријавa против поранешен градоначалник на Свети Николе за „злоупотреба на службената положба и овластување“
Најава за Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ – Беласица
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк