Со објава на социјалните мрежи СДСМ го одбележа 17 мај- денот кога во 2015 година оргнизираше голем митинг пред Владата по што државата беше втурната во состојба на политичка нестабилност која резултираше со доаѓање на Зоран Заев на власт и промената на уставното име на државата.
“Единаесет години од 17 мај 2015 година, денот кога со срце и душа, заедно со граѓаните, сплотени, излеговме и гласно рековме НЕ на режимот.
Заедно со граѓаните, го победивме режимот, ја вративме слободата и демократијата!
17 мај ќе остане запаметен во историјата засекогаш како и нашата подготвеност за нови демократски битки. Бидејќи слободата и демократијата немаат цена!”
-напишаа од СДСМ на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар