БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ: Продолжува мерката за замрзнување на цените, инфлацијата се намалува

Пренеси го гласот

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните.

Мерката за замрзнување на цените продолжува да важи до 29 февруари 2024 година.

По замрзнати цени ќе продолжат да се продаваат основните прехранбени производи, оризот, брашното, лебот, други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Пакетот мерки за заштита на стандардот на граѓаните даде резултат а истовремено се намалува инфлацијата. Пред една година стапката на инфлација кај храната изнесуваше 20 отсто, а сега е сведена на само 0,1 отсто кај храната, додека вкупната стапка на инфлација е намалена и изнесува околу 3,5 отсто.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните.

bregalnickimarketing

-стои во Соопштението за јавноста на СДСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот