Вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги обелодени имињата на новите министри и заменици министру во идната техничка влада која што треба да обезбеди фер и демократски избори.
Како предлог од ВМРО-ДПМНЕ За Министер за внатрешни работи е адвокатот Панче Тошковски.
Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Има положено правосуден и адвокатски испит, а во моментот е адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови.
Тошковски има долгогодишно работно искуство во државните институции. Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на Република Македонија, а членувал во неколку комисии и работни тела. Во моментов, Панче Тошковски е претседател на републичката правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.”
-стои во неговата биографија на идниот Министер за внатрешни работи,
Во партиските кулоари за Панче Тошковски е познато дека е принципиелен човек, со доволно ниво на строгост и доследност во работата, но и голем поборник за правдата и вистината што е на некој начин негова професионална деформација како адвокат.
Панче Тошковски ќе има пред себе сериозна задача да застане на чело на министерство каде што досега неприкосновено владееше Оливер Спасовски од СДСМ кој што нема прикажано сериозни развојни политики за министерството, додека јавноста беше сведок на огромен број штетни афери во редот на министерството кои до ден денес остануваат нерасчистени.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава