БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, со ставање гребан асфалт…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Неуспешноста на одредени политики на било која власт понекогаш навидум знае да биде многу комична. Но ситуацијата е многу алармантна за да на Македонскиот народ му иде на смеење работава.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе реагираат со свое соопштение во јавноста во врска со пропагандните активности на СДСМ за “успешноста” на нивните активности и проекти.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“СДСМ од Свети Николе се фали со изградба на автопатот Штип-Скопје, асфалтирање на патот Свети Николе-Куманово, локални патишта, ставање на гребан асфалт…

Да не беше смешно ќе беше трагично.

Две години каснеше пуштањето на автопатот од неразбирливи причини само поради тоа што беше изграден од ВМРО-ДПМНЕ.
Играа ора и чочеци на пуштањето на тунелите кај Смоквица,Демир Капија.

Исто така асфалтирањето на патот до Куманово беше проект на ВМРО-ДПМНЕ за кој беа обезбедени средства и само од каприц се чекаше повеќе од две години само да не признаат дека всушност реализираат веќе завршен проект.

Истото се однесува и на она малку што успееја да асфалтираат низ градот.

А за гребаниот асфалт да не зборуваме- се гледа од сликите подолу како изгледа тоа.

Ама за ставање два пати на бекатон на исто место во центарот на градот највеќе ги бидува.

После 12 април ќе дојде новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе продолжи со вистинска изградба на автопатишта,локални патишта и асфалтирање низ нашата општина.

ДОАЃА ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace