Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

СДСМ ветувала изградба на пат во Пехчево кој до ден денес го нема видено светлото на денот

Пренеси го гласот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во рамки на комисиската расправа за Буџетот на Владата за 2023 година предложи реализација на проект за реконструкција на патниот правец кој што ги поврзува селата Умлена- Робово- Чифлик во општина Пехчево. Станува збор за локален патен правец кој што е во катастрофално лоша состојба и кој што предизвикува секојдневни проблеми за жителите на овие села во пехчевско.

“Општина Пехчево ја преземавме со долгови и блокирана сметка од претходното раководство на СДС.

Предложивме амандман на буџетот за 2023 од околу 620.000 евра за изградба на патот до селата Чифлик-Умлена-Робово.

За тој пат којшто е од огромно значење за жителите на тие населени места, сум известен дека проектната документација е изработена и чека на реализација, но поради опструкции од Владата, односно бидејќи ветувањата дека ќе се обезбедат финансиски средства се лажни, овој пат не може да го види светлото на денот.

Власта која ветуваше изградба на овој пат, само поради ситно партиски интереси, не сакаше да додели финансиски средства за изградба на патот.

За општините кои се под раководство на СДС и ДУИ, Владата дискриминирачки обезбедува средства, а во општините каде градоначалници се од опозицијата, Владата ги казнува тие граѓани и не доделува средства. А токму истите тие граѓани преку даноци ги плаќаат тие средства во буџетот.

Го осудувам овој начин на распределба на заедничките пари по принципот на “наши” и “ваши” општини.

После преземањето на централната власт и формирањето на Влада на ВМРО-ДПМНЕ, оваа дискриминација ќе заврши и Владата ќе им помага на општините подеднакво.”

-соопшти Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот