Кочанските социјалдемократи со нескриено задоволство од коалицијата на локално ниво со партијата на нивниот некогашен најголем “непријател” Љубчо Георгиевски. Се надеваат дека со скромниот рејтинг на ВМРО-НП ќе успеат да добијат глас плус на претстојните локални избори, иако првичните реакции на социјалните мрежи се дека на овој начин поголема е веројатноста да загуват гласови.
Од друга страна, расте незадоволството кај членовите на ВМРО-НП поради одлуката на локалното раководство на партијата да го поддржи кандидатот за градоначалник предложен од СДСМ – Николчо Илијев, изненадени од ваквата одлука на претседателот на ВМРО-НП Кочани – Живко Сенесов, бидејќи очекувањата биле дека природно, поддршката ќе оди за ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи