БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ во недостиг на афирмативни теми за подобар живот на граѓаните сака да го спушти нивото на кампања за сузбување на потребата од промени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На прес конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски во јавноста се обидува да наметне тема со која што поради нивни внатрепартиски проблеми сака да го дефокусира вниманието на граѓаните од безперспективноста и безидејноста на политиките како на Стево ПЕндаровски така и на неговата СДСМ.

Имено во недостиг на реална понуда за подобар живот на граѓаните на Македонија Каевски се обидува со еден изолиран инцидент кој што нема никаква допирна точка со политиката да шири лажни вести и манипулации со кои што на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им залепи етикети кои што беа одлика на СДСМ во изминатиот период на нивно владеење во изминатите 7 години.

“ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш.

На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.”

-рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски со што манипулацијата со фалсификуваните потписи, документи и идентитети на лица од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја држи темата со дополнителни манипулации се со цел да го отргне вниманието на граѓаните од актуелната клампања во која што нивниот Стево Пендаровски нема што да понуди на граѓаните со оглед на досегашниот негов никаков учинок во претседателската виила на Водно во изминатиот мандат.

Граѓаните се повеќе од свесни за ваквите обиди на СДСМ и Каевски да го оттргнат вниманието на граѓаните од изборите на кои што повеќе од било кога се потребни промени на актуелната општествена состојба која ги проби сите дна на нормалност.

Граѓаните на Македонија имаат потреба од реално подобрување на условите за живот а тоа е потребно да се случи на претстојните избори преку давање на масовен легитимитет за продуктивни прашања, теми и проекти кои што ќе значат подобар живот за сите граѓани а не елементи на црна кампања исполнета со конструкции, манипулации и обиди за лична дискредитација на поединци.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace