БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се ветуваше бесплатен паркинг, се доби инвазија од казни за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Новите локални власти како да се скарани со логиката и ветувањата кои ги даваа пред граѓаните пред само неколку месеци. Во предизборната кампања на граѓаните сега актуелниот градоначалник им ветуваше бесплатни паркинг зони, намалување на цената на паркингот, катни гаражи  што ли уште не. Меѓутоа како сето ова многу брзо да испари од меморијата на акутелните раководители и негувалтели на власта па удрија по џебот на граѓаните. Деновиве сме сведоци како никогаш до сега на зголемено казнување поради ненаплатен паркинг или поради задоцнето плаќање. Поради овие причини новите раководители имаат издадено наредба да се зголеми наплатата од паркинзите па за таа цел вработените во паркинзи од ЈП „Стипион“ вршат инвазија од поставување на блокатори на тркалата на возилата. Секој поставен блокатор значи и казна  која возачот треба да ја плати. Новите раководители лесно издаваат наредби за масовно казнување на населението меѓутоа ништо не прават за решавање на зголемениот  сообраќаен хаос и овозможување на нови паркинг места. Најверојатно новите масовни вработувања кои се направија во локалните претпријатија донесоа и потреба од  повеќе финансии за исплата на плати. За да ја пополнат оваа финансиска дупка ќе послужат граѓаните кои од свој џеб преку форма на казни ќе ги плаќаат овие нови вработени по обичај партиски послушници на локалните власти.

Инаку како за „утеха“ од ЈП „Стипион“ јавно најавуваат дека ќе продолжат со масовно казнување и немаат намера да се откажат така лесно од овој начин на финасирање на претпријатието. За ова јавно се имаат пофалено и на социјалните мрежи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace