Пратеничката Радмила Шеќеринска денеска во обид за себе промоција пред јавноста и пред стратешките партнери во НАТО алијансата се обрати на свеченоста по повод Денот на Армијата на Република Македонија во својство на Министер за одбрана. Ваквата нејзина постапка претставува најбрутално и безобзирно кршење на Уставот каде се дефинирани основните начела за поделба на власта на извршна, законодавна и судска.
Но за СДСМ ваквото мешање на власта од позиција на моќ со цел за постигање на лични политички поени не е првпат да се случува. Јавноста на почетокот на мандатот на минатата влада со која претседателствуваше Зоран Заев беше сведок дека премиерот сам себе се стави на чело на телото за судски реформи кое што и речиси да не сработи ништо конкретно во минатиот период.
Кому ваквата противуставна пракса му носи корист останува на јавноста да цени и рассудува, затоа што во државата сите надлежни институции се неми на ваквите појави.
За оваа состојба реагираше и пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ која што го разобличи делувањето на Шеќеринска уште кога беше најавено нејзиното гостување на официјалната церемонија на Денот на АРМ.
Во продолжение го пренесуваме ставот на професорката по уставно право и пратени Силјановска- Давкова:
“Пратеничката Радмила Шеќеринска продолжува лажно да се претставува како министерка за одбрана. Денес ќе се обраќа на свеченоста по повод Денот на армијата, 18 август!
Важи ли Уставот за неа и за другите „ПРАТЕНИЦИ- МИНИСТРИ“? Во членот 89, став (2) пишува : „ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА И МИНИСТРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРАТЕНИЦИ во Собранието.
Важи ли законот за неа и за „ПРАТЕНИЦИТЕ- МИНИСТРИ“ ? Во членот 8, став (1) на Изборниот законик стои: „со ДЕНОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈАТА НА ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ, НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА И НА МИНИСТРИТЕ ИМ ПРЕСТАНУВА МИНИСТЕРСКАТА ФУНКЦИЈА!
Ни траг, ни глас од Уставниот суд и Антикорупциската комисија.”