БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ирена Попова: СДСМ станува партија во која консумацијата на кокаин е нормална и вообичаена појава за партиските функционери

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По информацијата во јавност дека функционер од СДСМ бил разрешен од функцијата откако кај него било пронајдено наркотична дрога кокаин, во јавноста реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на прес конференција вината за ваквата појава во јавноста ја лоцираше кај скопскиот градоначалник Петре Шилегов, од кого побара оставка на функцијата.

Во продолжение ја пренесуваме нејзината прес конференција во целост:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

СДСМ станува партија во која консумацијата на кокаин е нормална и вообичаена појава за партиските функционери.

По Павле Богоевски, кој беше фатен како нарачува кокаин додека ја извршувал функцијата пратеник, вчера медиумите објавија дека е фатен со кокаин кадарот на Петре Шилегов – Сенад Смаиловиќ Сенко, директорот на ЈП Улици и патишта-Скопје. Сенко е фатен со цели две кесички кокаин. Дали тоа значи дека истиот или е дилер или веќе подолг период е корисник на овој наркотик. Аздисаноста од власта и моќта, очигледно ја зголеми консумацијата на кокаин помеѓу функционерите на СДСМ. Државни функционери стануваат се почести корисници на кокаин, а реакцијата на власта со нивно разрешување откако ќе бидат фатени на дело е задоцнета и лицемерна. СДСМ дозволува лица корисници на дроги да извршуваат јавни функции, и истите да одлучуваат за судбината на многу луѓе, но и целата држава, ова е недозволиво, опасно, но и ги става под знак прашалник нивните одлуки и колку тие се носени трезвено. Се поставува прашањето дали скопјани газат рунирани улици и полни со дупки затоа што директорот на ЈП Улици и патишта бил под дејство на некоја психотропна супстанца додека ги извршувал работните задачи? СДСМ го сведе Скопје на ниво со него да управуваат луѓе со искривени морални вредности и лошо општествено поведение. Скопје е заложник на шака луѓе, кои не го изградиле ниту својот личен имиџ, и никако не можеме да очекуваме да го градат имиџот на градот.

Разрешувањето на Сенко не треба да биде последен чекор. Шилегов сам треба да си поднесе оставка, затоа што тој е човекот кој именува вакви луѓе и им дозволува да менаџираат со јавните претпријатија и нашите пари. Оставка од Шилегов веднаш!

Креирано од:


Пренеси го гласот