БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шеќеринска и Спасовски отвараат постојно стрелиште со 26 стари гуми, 5 префарбани буриња и 2 кубика песок и тоа го претставуваат како НАТО стандард

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на социјалните мрежи во јавноста упати свој коментар во врска јаловите пропагандни обиди на министерот Оливер Спасовски и министерката Радмила Шеќеринска за да прикажат во јавноста дека нешто работат во контекст на приспособувањето на подготвеноста на Македонската армија кон НАТО стандардите.

“Денеска Министрите за внатрешни и за одбрана го “отворија новото стрелиште” во касарната Илинден. Демек стратешки капацитет, од исклучително значење, врвно достигнување. Па говори, сликање, заеднички проект меѓу 2 министерства…

Дами и господа, видете каде е проблемот. Не се работи за никаков проект и никакво достигнување. На тоа стрелиште јас ја имам започнато кариерата пред 20-тина години (!!!) Тоа е познатото Мало (минијатурно) тенковско стрелиште и тоа го знае секој што служел не само во касарната Илинден, туку и во Маршал Тито (како што порано се викаше касарната, во време на ЈНА). Значи, отворивте постоечко повеќедецениско стрелиште. Додадовте 26 стари гуми, 5 префарбани буриња и 2 кубика песок и го прогласивте за НАТО капацитет (!) Епа ако гумите и бурињата се НАТО капацитет, тешко на НАТО со капацитетите на “нашата земја”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Па толку ли мислите дека никој ништо не разбира? И додека вие се сликате и терате ПР оти отворате веќе постоечки стрелишта, вакцинацијата од КОВИД за спас на човечки животи во Европа и секаде во соседството е во полн ек. Но, очигледно секој си има свои приоритети, нели? Срамота е ова што и’ го правите на сопствената држава. Не сте достојни на функциите што ги вршите.

#Пародија

#ЗабеганаРабота“

-нпиша Драган Ковачки на фејсбук.

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/225440519080080

Креирано од:


Пренеси го гласот