Нешто за вакцините…
-Вакцина или цепиво — биолошки препарат кој го зголемува имунитетот кон некоја болест
-Вакцините се всушност внес во организмот на човекот на активирана форма на вирусот, со што значајно ќе се стимулира имунолошкиот систем и би дошло до поквалитетна одбрана, т.е. подготовка за контакт со инфекцијата.
И покрај сите истражувања, во повеќе држави со различен пристап, нема конкретни вакцини или специјализирани третмани за КОВИД-19. Учените од цел свет вредно работат за да развијат вакцина против самата болест. Всушност, неколку разни вакцини, во неколку различни држави се развиваат истовремено, при што две од нив се најнапред во процесот. Користењето на иновативни пристапи за развој на вакцината за Ковид 19, делумно врз основа на она што беше дознаено од реакцијата на Ебола и САРС-Ков 1, дел од секојдневните учења во трк и попатно. Ако се случи(а се случува во моментот), ова ќе биде најбрзиот развој на вакцина во текот на човештвото и во развојот на вакцини за заразни болести и најбрзиот процес на нивно здравствено потврдување во историјата.
Паралено со овие истражувања, научниците бараат лекови за забавување на ширењето на вирусот во организмот и за намалување на сериозните проблеми со дишењето што тој може да ги предизвика кај заболените пациенти. Но, дури и со најбрзите методи, примената на лекови за нова болест кај луѓе треба да се тестира за да се осигури безбедноста и делотворноста.
И додека светот е преокупиран која вакцина да ја купи, со кој производител ќе соработува, кај нас абер се нема од набавка на вакцини за Ковид 19.Се уште владее, онаа меланхолија и депресија, кога знаете дека не знаете и тоа ве убива во поим.
Така е и со овие луѓе кои беа задолжени за здравјето на граѓаните, за имунизацијата, за набавката…Сите соседни држави се подготвуваат за вакцинација, еве во Хрватска веќе почнаа…Само кај нас наместо набавка, се надеваме да им прескочи некоја вакцина на околните држави, кои од свој буџет, набавуваат и се надеваат на идна и брза имунизација.
Еве, денес сме сведоци кога вакцините секоја претставена од својата земја и компанија, полека стигнуваат на определените пазари за нив, само ние немо и молчешкум очекуваме поткрепа од сите, без идеја сами да си набавиме, да не чекаме, да бидеме флексибилни и посветени на здравјето на граѓаните.
Пишува: Гоце Марков
Авторот е член на Централната Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ