КУНГ ФУ !
Име на боречка вештина ставена во име на песна. Зошто? Епа погледајте го следното видео и ке ви стане јасно.
Само се прашувам како успеале пијаното да го качат на Кинескиот ѕид-тоа не ми е јасно.
Youtube каналот на оваа американска група составена од 4(5) уметници, е вистинско уживање за љубителите на класичната музика, класичните инструменти, ставени во современи и интересни контексти, сценографија, локации и амбиенти. Групата има и веб страна каде подетално секој може да се запознае со нивната работа. Групата има своја плодна активност и на социјалните мрежи и многу интересни и динамични факти како дел од нивните активности.
Се на се ова е интересна група, интересни и особено креативни луѓе и интересно артистичко портфолио, која ја препорачуваме за различни пригоди.
Уживајте.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените