“Расадничка вечер 2018” е народна манифестација во која е пресликан делчевскиот белег за љубовта кон родното место.
Во среда 15.08.2018 година со почеток во 20.00 часот до 01.00 часот се одржи оваа традиционална манифестација на добро познатото место во центарот на населбата Стар Расадник во Делчево. И оваа година по 14-ти пат оваа манифестација е организирана од страна на повеќе млади луѓе кои се на привремена или постојана работа во странство на пократок или подолг временски период, а се по потекло од самата населба.
За добрата забава годинава ќе се погрижи групата Дрим тим. Од страна на организаторите како и досега се покануваат сите добронамерници со своето присуство да ја збогатат атмосферата на овој настан кој добива свој препознатлив лик пошироко во регионот. За вечерва се очекуваатт над 2500 гости на манифестацијата со што таа се вбројува во едни од најмасовните во самиот регион на Источна Македонија.
Значењето на овој настан е тоа што овој настан е еден од помасовните и подобро организираните на територијата на Општина Делчево, кој од година во година добива се поголема афирмација и посетеност од страна на луѓе не само од цело Делчево туку и пошироко. Од овој аспект овој настан ја заслужува целата должна почит и внимание на целокупната делчевска јавност и пошироко, како белег на едно заедничко чувство за припадност и заедништво на луѓе кои се родени и потекнуваат од оваа населба, заедно израснале и заедно го понеле духот на ова место на својот печалбарски пат насекаде по светот.
Чувството да се биде дел од оваа на моменти и многу интензивна и емоционална атмосфера, што ги обзема сетилата на секој гостин на настанот е незаборавно и плени со својата грандиозност. Веселбата, радоста на повторната средба и желбата догодина ушто пораскошно да се одбележи и прослави овој настан се евидентни и токму овие работи се забележителни во израсот на лицето на овие луѓе кои некогаш пред многу години биле родени токму тука…
На ридот во населбата Стар Расадник. Ова е ридот кој тие засекогаш ке го носат во сопствените срца и мисли… Зошто овде е нивното родно огниште, тука биле деца и ги живееле нивните безгрижни денови….