Изминатата работна недела во Делчево се случуваат разврски кои што ретко кој можеше да помисли дека се возможни.
До нашата редакција од неименувани полициски извори пристигнаа информации дека е одземено огненото оружје од домот на Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски.
Градоначалникот Трајковски пред извесно време доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување затоа што според МВР овозможил на правно лице да се стекне со противправна имотна корист на штета на општина Делчево во износ од 222.760 денари.
За одземањето на огненото оружје од домот на делчевскиот градоначалник во јавноста реагираа од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево со свое писмено соопштение упатено до јавноста:
“Одземено огнено оружје од домот на “градоначалникот” на СДСМ Делчево, Горан Трајковски?!
“Градоначалникот” од акционите филмови на СДСМ да и одговори на делчевската јавност:
– Дали се вистина тврдењата во јавноста дека му е одземено огнено оружје од неговиот дом?!
– Која е причината истиот да поседува огнено оружје?!
– Дали против истиот се води постапка за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување?!
– “Градоначалниче” со новиот црн мерцедес, во кој филм сте?! “
-напишаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга