Во текот на вчерашниот ден на 65 годишна возраст си замина од овој свет еден од најзначајните актери во Холивуд кон крајот на 80-тите години и во текот на цела декада во 90 тите години Вал Килмер.
Причина за смртта е пневмонија како што соопштила за јавноста неговата ќерка Мерцедес Килмер. Кај нејзиниот татко во 2014 година бил дијагностициран рак на грлото и од тогаш Вал Килмер помина низ интензивни медицински третмани за надминување на оваа состојба која конечно на крај успеал да ја совлада.
Во 1986 година Вал Килмер ја игра една од главните улоги во филмскиот хит Top Gun глумејки го пилотот Том Казански како антагоност наспроти ликот на Том Круз што е веројатно улогата која го лансира во филмскиот џет сет. Понатаму Килмер ја игра улогата на младиот Мадмардиган во филмската фантазија Willow каде е еден од носителите на дејството на еден специфичен, психоделично- бунтовен начин.
Вал Килмер ја игра насловната улога во биографскиот филм на режисерот Оливер Стоун за музичката рок група The Doors во 1991 година во улогата на Џим Морисон каде случаен гледач на филмот не е сигурен дали самиот Џим Морисон не глуми во оваа биографска екранизација.
Во 1993 година Вал Килмер игра во филмот Tombstone во улогата на легендарниот лик од американската историја Док Холидеј заедно со Курт Расел. Овде профилот на психоделичен бунтовен херој на граница на антихерој додава длабочина на неговиот актерски дијапазон, што потоа Вал Килмер ќе го следи се до крај на кариерата.
Веројатно негов најголем холивудски успех е појавувањето во ликот на Брус Вејн ака Бетмен во холивудскиот блокбастер Batman Forever во 1995 година. Истата година Вал Килмер се појавува во хаотичниот лик Крис кој што дава повторно една емотивна длабочина на целото филмско дејствие во филмскиот блокбастер Heat заедно со Ал Пачино и со Роберт Де Ниро. Во 1997 година Вал Килмер се појавува во филмот The Saint кој што неговата актерска способност да ја пренесе човечката емоција на филмското платно ја доведува до ниво на спиритуализам.
Во 2004 година Вал Килмер ја толкува улогата на Филип II Македонски во биогравскиот филм за Александар III Македонски на режисерот Оливер Стоун.
Успесите на филмската кариера на Вал Килмер лежат во неговото сценско искуство со театарот каде што се потребни многу подлабоки актерски особини за доловување на чувствата на сценските ликови.
Вал Килмер бил оженет со британската актерна Џоан Вејли во период од 1988 до 1997. година. Има две деца Мерцедес и Џон Килмер.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Не случајно сонцето е лајт мотив на Бранкица Богатинов во нејзината нова стихозбирка чија промоција се случи во неделата
Дали Делчево заслужува скромно но модерно место кое ќе биде дом за бездомни и напуштени животни? Дали кај делчевчани има доволно емпатија да одобрат еден ваков проект на идната локална власт?
Факултетот за ликовни уметности ја продлабочува меѓународната соработка со две уметнички иницијативи – австриска работилница и кинеско-македонска изложба