БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Симеонов: За две-три години ќе биде готова Клиничката болница во Штип, ќе има нова опрема и нов медицински факултет и студентски дом

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонското здравство во изминатата година оди во добар правец и во правилна насока, смета Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го истакна зборувајќи на трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Штип на тема „Реформи во здравството – Ги градиме темелите на промените“.

Симеонов посочи дека ова го зборува затоа што многу е битно каков систем ќе наследите од претходно, а ние за жал од претходната власт наследивме нефункционален, не квалитетен здравствен систем, бунар без дно, во слободен пад, а со еден збор тотален хаос.

„И еве, за една година успеавме да одиме чекор напред од матичните доктори, гинеколози, стоматолози преку зголемување на капитацискиот бод. Реконструирани се повеќе од десетина болници и други здравствени институции. Набавена е нова опрема, меѓутоа опрема во функција, не опрема која што стои по ходници и фаќа прашина. Намалени се листите на чекање, пациентите добиваат поквалитетни и побрзи специјалистички и супспецијалистички услуги. Започнат е процесот за вработување на 600 млади доктори специјализанти“, рече Симеонов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова значи дека, додаде Симеонов, полека чекориме напред и немаме оправдување за тоа што е оставено претходно, туку едноставно мораме промените да ги направиме час поскоро. Симеонов се осврна и Штип, при што посочи дека за две, три години ќе биде готова Клиничката болница, ќе има нов медицински факултет, нов студентски дом и нова опрема.

„Овде во Штип има активни три до 4000 илјади студенти по медицина. Тоа е голема предност и ние мораме да инвестираме во тие студенти и ад ги насочиме правилно понатаму да добијат специјализација зависно од потребите на здравствениот систем овде во Штип и да останат да работат овде во Штип“, истакна Симеонов.

Креирано од:


Пренеси го гласот