Општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски успешно го реализираше набавката на униформи за сите ученици во оваа општина. Станува збор за набавка на 6800 ученички униформи со што според очекувањата на општинските власти би се надминале предрасудите помеѓу учениците кои ќе можат поуспешно да се препуштат на воспитно- образовниот процес во училиштата без воочливи социјални разлики меѓу нив.
“
УШТЕ ЕДЕН УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ – СИТЕ 6800 УЧЕНИЦИ ДОБИЈА БЕСПЛАТНА УЧЕНИЧКА УНИФОРМА!
Го реализиравме проектот за бесплатна ученичка униформа за секој ученик од општинските основни училишта во Гази Баба.
Сите 6800 ученици ги добија бесплатните униформи.
Ова е за прв пат во историјата, Општина Гази Баба да обезбеди бесплатна униформа за секој ученик.
Реализацијата на овој проект доаѓа како исполнување на ветувањето од градоначалникот Бобан Стефковски, дека секој ученик ќе добие бесплатна училишна униформа.
Со овој проект ќе делуваме на ослободување на децата од предрасудите и на сите нив им останува единствената обврска да го совладуваат материјалот кој им се предава од страна на наставничкиот кадар.
-информираа од општина Гаци Баба во врска со реализацијата на овој проект за учениците.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор