БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Надреални уметнички инсталации во “градот” на “Запалениот човек”

Пренеси го гласот

Burning man (Запалениот човек) не е фестивал! Тоа е град во кој се што се случува е создадено од неговите граѓани, кои што се активни учесници во доживувањето.

Луѓето кои што присуствуваат на “запалениот човек” не се обични посетители туку активни учесници во секоја смисла на зборот: Тие го создаваат градот, интерекцијата, уметноста, изведбата, и нај на крај доживувањето. Учеството на луѓето кои што доаѓаат во овој град е суштината на “Запалениот човек”, за што постојат многу начини за да се учествува.

Соосновачот на Burning Man Лери Харви во 2004 година ги напишал 10 принципи како насоки за градење на штотуку формираната Регионална мрежа. Принципите не биле креирани да служат како диктат за тоа како учесниците да се однесуваат туку како рефлексија на различностите на заедницата и различните култури кои ги содржи манифестацијата.

  1. Радикална инклузија подразбира добредојде за секого. Охрабрува и почитува непознато. Не постојат потребни предмети за да се улествува.
  2. Подарување како принцип е посветен на подарување на подароци. вредноста на подароците е безусловна. Подарувањето не подразбира враќање или размена за нешто од еднаква вредност.
  3. Декомодификацијата подразбира развој на социјална средина која што е имуна на комерцијални спонзорства, трансакции или маркетинг. Културата на манифестацијата е предвидена да биде имуна на ваква експлоатација.
  4. Радикално потпирање на сопствените внатрешни ресурси на поединецот
  5. Радикално само-изразување
  6. Заеднички напор
  7. Граѓанска одговорност
  8. Не оставајки траги
  9. Учество
  10. Непосредност

Постојат своевидни воспоставени пректики како начин за остварување на учество на Burning Man

Во продолжение ќе наброиме некои од нив:

Создадете нешто

ТИ си “Запалениот човек”. Создај своја сопствена форма за учество. Создај уметничка инсталација, тематски камп, мутирано возило или некаква изведба. Можеш дури и да се поврзеш со постоечки проекти преку посебна мрежа на учесници.

Волонтирај

Биди волонтер кој ќе помогне да се изгради инфраструктурата во Блек Рок Сити. За почетници има почетни напатствија како тоа најефикасно да го направат.

Инспирирај се и биди инспиратор

bregalnickimarketing

Пребарај низ историјата на уметноста на “Запалениот човек” за да се инспирираш за своето идно дело.

Создај видео за учество

Овие видеа се за забава, просветлување и едукација во врска со културата на заедницата


Burning Man како главен настан се одржува во Блек Рок Сити во пустината Невада секоја година, но Burning Man е многу повеќе од настан…. тој е глобален екосистем на уметници, креативци, и заедница на организатори кои што заедно создаваат уметност, настани и локални иницијативи низ целиот свет.

Овој глобален феномен за првпат започнал да се реализира во 1986 година на плажа во Сан Франциско кога Лери Харви и неговиот пријател Џер Џејмс создале дрвена фигура која ја поставиле на Бејкер плажата и на зајдисонце ја запалиле при што се собрале љубопитни минувачо кои се наоѓале околу.

Тоа бил почетокот на една култна манифестација која егзистира и се развива до ден денес.

Креирано од:


Пренеси го гласот