БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скопје домаќин на Регионален форум против корупцијата: Фетаи повика на мерливи резултати и посилна регионална соработка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во пресрет на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, во Скопје се одржува Регионалниот форум „Од политика до импакт: унапредување на интегритетот и институционалните реформи на Западен Балкан“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, во партнерство со Шведска, Швајцарија, Европската Унија и УНОПС.

Форумот беше отворен од Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, кој истакна дека борбата против корупцијата мора да биде трајна државна политика заснована на резултати, а не само политичка реторика. Тој нагласи дека граѓаните очекуваат функционални институции, реални пресуди, враќање на незаконски стекнати средства и современи дигитални системи кои го ограничуваат просторот за корупција.

Настанот во Скопје ги собра министрите за правда и раководители на институции од земјите на Западен Балкан, како и претставници на граѓанското општество, медиумите и меѓународните организации.За време на форумот ќе се одржат четири сесии насочени кон продлабочување на регионалната соработка, зајакнување на механизмите за отчетност, користење на технологијата и вештачката интелигенција во борбата против корупцијата, како и улогата што граѓанското општество и истражувачкото новинарство ја имаат во транспарентноста на јавните финансии и откривањето на злоупотребите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 Преку дискусиите во рамките на форумот акцентот ќе биде ставен на поефикасна прекугранична соработка, размена на финансиска интелигенција во реално време, заеднички стандарди за мерење на резултатите од антикорупциските активности, како и создавање на отворени платформи за податоци кои ја зголемуваат транспарентноста и граѓанската вклученост. Дополнително, важноста на поддршката на истражувачкото новинарство и заштитата на укажувачите како клучен фактор за спречување на корупцијата се теми кои беа дискутирани за време на овој форум.

На крајот од овој настан ќе биде усвоена Скопската декларација, документ со мерливи заложби за интегритет, транспарентност и регионална соработка.

Фетаи истакна дека оваа иницијатива ќе се претвори во годишна платформа каде земјите од регионот ќе го известуваат напредокот и ќе усогласуваат заеднички чекори за наредната година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace