БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на Документарец и повик за активно граѓанско учество

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот


По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, и одбележувањето на 60- годишниот јубилеј, Уставниот суд објавува видео-документарец посветен на улогата и значењето на Судот во заштитата на уставноста и темелните слободи и права. Во видеото е вклучена и порака од претседателот на Уставниот суд, со повик за поголема правна култура, почитување на човековите права и активно граѓанско учество.

Документарецот нуди хронолошки преглед на настаните при формирањето на Судот, ги прикажува најзначајните датуми од неговиот развој и ги објаснува уставните надлежности. 

Целта на овој документарец е подигнување на свеста кај граѓаните за темелните права и слободи, истакнувајќи ја важноста на Уставниот суд во нивната заштита. Граѓаните ќе добијат подлабоко разбирање за своите права и механизмите кои ги штитат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Видеото може да се прегледа на Youtube каналот на Уставниот суд

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace