БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Слушачка промоција на новото EP нa Бернајс пропаганда

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во среда на 19 декември во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи слушачка промоција на новото ЕР на еден од најавангардните и најпродуктивните бендови на денешната македонска и балканска андерграунд сцена, Бернајс пропаганда.

Настанот кој воедно ќе биде и своевидна прес конференција на бендот е закажан за 12 часот напладне.

“Ништо нема да не раздели” е името на ова ново ЕР издание на бендот кое официјално ќе излезе на 12 декември (една недела пред оваа негова промоција). Издавачите за кои излегува ова издание се повеќе: Moonlee records, geeger records, Pop depression, и Балкан велики.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Трите песни на изданието се снимени во Студио 1060, со нова проширена постава на бендот во кој покрај добро познатите првотимци, вокалот Кристина Горовска, Васко Атанасовски и Дени Крстев се присутни и Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски заедно со гостите Тони Китановски и Мајк Ват (Mike Watt).

Како што соопштуваат од менаџментот на бендот ова ЕР издание е најава на нивниот нов албум кој е со работен наслов “Втора младост, трета светска војна”.

За сите оние за кои личната апокалипса се уште не започнала еве убава можност тоа да биде нивна реалност низ овој нов албум (трета светска) да ги осетат на своја кожа ефектите на ова наше отровно секојдневие.

А за сите демилитаризирани фаци кои поминале низ кредото за прочистување на личноста низ звуците на бендот, очекуваме новиот албум да го етаблира тој култен статус на бендот за предводници на овие пост-загубени генерации низ виорот на дехуманизираноста и отуѓеноста на денешното општество во кое преживуваме.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace