Сашко Ивановски од името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет во Делчево денеска поднесе иницијатива до Претседателот на Советот, Драган Маневски со која се предлага овозможување на дополнителни права на припадниците на безбедносните сили во државата кои организирано од државата учествувале во воениот конфликт во 2001 година, како и нивните семејства.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ при Советот на Општина Делчево ја поднесува оваа иницијатива како надополнување на правата на оваа целна група наши сограѓани, дефинирани согласно законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства од 2002 година со кои се регулирани одредени нивни права. Сметаме дека и ЕЛС Делчево преку Советот на Општина Делчево, треба да води ред за бранителите кои се наши сограѓани и да донесе одлука за признавање на посебни права на оваа категорија на наши сограѓани,
-изјави денеска при поднесувањето на иницијативата, советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сашко Ивановски.
Во продолжение ја пренесуваме во целост неговата изјава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис