Финската фотографка и вљубеник на природни пејзажи, Тина Торманен, секогаш има инспирација, мотивација и природна креативност. финската Лапонија, е нејзиното родно место . но и познато по своите снежни магични пејзажи осветлени од ѕвезденото небо и спектакуларната поларна светлина.
Лапонија е земското воодушевувачко чудо и идеално место за страствените фотографи.
„Мислам дека е убаво да им се покаже на луѓето оваа тивка убавина, и да се потсетат колку е прекрасна оваа планета и колку убавина има во самиот живот.
Знаете, кога сте родени и израснати некаде, вашата околина е нормална и дури не размислувате за неа, туку ја прифаќате онаква каква што е , но, по поминати 15 години во јужните градови, го видов северот во поинакво светло и бев дури повеќе импресионирана од убавината што ја имаме овде.
Тоа беше долг пат, но еднаш откако ќе почнете да ги следите вашите страсти, тие на крајот ќе ве однесат некаде на убаво место.“
– пишува Тина на својот веб сајт.
Торманен е родена во Лапонија, но по некое време е преселена во Хелсинки, каде што работела како готвачка и како асистент во фотографско студио.
Таа ја открила својата страст за фотографирање пејзажи и за некој период се вратила во својата родна Лапонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вака Доналд Трамп ја потпиша наредбата која забранува мажи да се натпреваруваат во женски спортови
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата
Социјалната мрежа Rumble на Крис Павловски како и X на Елон маск биле таргет за цензура и супресија од страна на медиуми финансирани од УСАИД