Како звучи ветрот на површината на Марс? Сега за првпат во историјата на човештвото знаеме како. Звук беше снимен од површината на Црвената планета и испратен до седиштето на НАСА од страна на сондата која слета на површината на Марс на кон крајот на 2018 година.
Од страна на комплексните сензори и емитери биле емитувани вибрирачки звуци кои што се одбивале од соларните панели на сондата.
Научниците најпрвин не биле подготвени да го слушнат ваквиот звук и биле изненадени од неговата чистота. Во официјална изјава на НАСА беше кажано дека “фаќањето на овој аудио сигнал не било планирано”. Сондата е опремена со високо сензитивна опрема на вибрации за регистрација на движења предизвикани од звучни бранови.
Анализирајќи ги звучните бранови, научниците на НАСА соопштуваат дека звукот бил предизвикан од ветар кој се движел со брзина од 10-15 милји на час.
Звукот може да се слушне на следното видео објавено од НАСА започнувајќи од 35-та секунда:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?