Музејот, Спомен куќа на Тодор Проески во Крушево денеска одбележува осум години од отворањето.
По тој повод во Спомен куќата се одржа музичка работилница на која учествуваа реномирани и талентирани музичари и композитори. Меѓу учесниците беа Славчо Спироски Слав, композитор изведувач. Владимир Јовановски, виолинист као и музичарот Ванчо Петров.
Според директорот на Спомен куќата, Елена Мирчевска, Музејот е отворен на 25 април 2011 година. Досега го посетиле 650.000 гости , а во спомен куќата се изложени околу 350 експонати, негови автентични предмети.
Поставките се менуваат на денот на роденденот на Тоше и на денот на трагичниот настан, 16 октомври.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030