БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со новиот потисен цевковод граѓаните на Кочани добиваат поквалитетна вода за пиење, а комуналното претпријатие намалени загуби во мрежата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска од страна на Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов беше пуштен во употреба новиот потисен цевковод за вода за пиење во должина од 2.2 км.

Вкупната инвестиција од 44,5 милиони денари е целосно оправдана поради тоа што жителите на Кочани ќе добијат поквалитетна вода за пиење, а Јавното претпријатие ќе добие помали загуби на водата во водоснабдителниот систем како неопходен ресурс од огромно значење за граѓаните.

Околу обврската за регулирањето на трошоците за експропријација и доведување на состојбите на трасата на цевководот во функционална состојба за замјоделците кои гравитираат на тој потег од општината Градоначалникот Папазов заедно со неговиот тим успешнно ја изменаџира така што проектот беше успешно завршен во интерес на сите засегнати страни.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес се наоѓаме во комплексот Бунарски систем на комуналното јавно претпријатие Водовод – Кочани, каде го објавуваме завршувањето на проектот за изградба и реконструкција на главниот потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од околу 44 ипол милиони денари. Со што добиваме еден стабилен систем за водоснабдување, ги намалуваме загубите и во делот на можноста за земјоделците да пристапат до своите земјоделски површини со почеток на сезоната за наводнување, се покриени со датумот за извршување на нивните активности.

Обврската на Општина Кочани беше да ја спроведе постапката на експропријација на трасата по која се изведуваше овој проект, и обврска ќе биде заедно со изведувачот на работите да се вратат парцелите во првобитната состојба.

Ваков проект се реализира еднаш во 50 години и очекувам бенефитите да ги почувствува и комуналното јавно претпријатие Водовод, Општината Кочани и граѓаните на општина Кочани. “

-соопшти Градоначалникот Љупчо Папазов на лице место од самата траса, во врска со реализацијата на овој проект денеска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace