Денеска 11.04.2022 година (понеделник) со почеток во 18.00 часот во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи промоција на Локалниот младински совет на општина Кочани.
Јавната трибина е отворена за сите млади кои што се заинтересирани да се информираат и по можност да се вклучат како соработници на Локалниот младински совет, но и за сите останати граѓани и јавност. На трибината ќе се разговара за програмата за работа на советот и ќе започнат првичните подготовки за негов активен допринос во развој на младинските состојби во Кочани.
Јавна покана за присуство на овој настан упатија од кабинетот на градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавна благодарност на градоначалникот на Делчево и општината за поддршката при одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Најавените инфраструктурните зафати се во тек: Јужниот булевар се подготвува за градба, се решаваат децениски комунални и социјални проекти
НККР Берово поднесе кривична против 41 годишен жител на Пехчево